ПОПЛАВИ И ВО БИТОЛА - се излеа реката Курдерес, екипите се на терен
Дождот кој ја зафати нашата земја направи големи проблеми и во општина Битола, каде се излеала реката Курдерес, поради што биле блокирани улиците кои водат кон граничниот премин Меџитлија
Според објавите на локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија чиј основач е Општина Битола доцна ноќеска ги санираале дек ид последиците од обилниот дожд, а увид на активностите изврши градоначалникот Тони Коњановски.
Пред полноќ се излеа и реката Курдерес која го спречи сообраќајот на улиците „Крушевска“ и „Македонска фаланга“ кои водат кон граничниот премин Меџитлија.
- Водата е повлечена, а екипи на јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“ и на противпожарната единица на Битола пристапија кон чистење на локацијата. Во селото Кравари работат три машини на каналската мрежа, една од АД Водостопанство подружница „Битолско поле“ и две машини од јавното претпријатие “Водовод“.
Градоначалникот Тони Коњановски со екипи од „Битолско поле“ и другите јавни претпријатија беа на увид по течението на реката „Драгор“ до вливот на река „Црна“, при тоа ги посетија населените места Долно Оризари, Карамани и Трн. Состојбата е стабилна, реката „Драгор“ ги прибира сите води и ги носи во главниот реципиент реката „Црна“ - информираа од Општина Битола.
Утрово ЈП „Битолско поле“ со целата расположлива механизација продолжува на терен со санација, ЈКП „Нискоградба“ интервенира во селото Канино, на улицата „Скоевска“, а ќе се интервенира во Кажани, како и на влезот на Битола кај Горно Оризари. Претходно интервенираа и над локалитетот „Хераклеа“, каде имаше проблем од надојдената вода, потоа на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат и населбата „Стрчин“.
Јавното претпријатие „Стрежево“ интервенира во селото Лера, заглавено дрво во малиот мост кој спречува истекување на водата. Од претпријатието информираат за многу надојдена вода во реката „Шемница“, а патот кој води за селото Доленци е привремено затворен за движење. Екипите се на терен и секаде се следи состојбата
