ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)
Поплавени големи делови од главниот град.
Граѓаните кои живеат во Карпош јавуваат дека поплавени се делови од булеварот „Партизански одреди“, а осбоено непроодно е на улици кои од булеварот водат кон Вардар.
Има блокирани улици, потопени раскрсници, а поради големите количина вода, на одредени делови граѓаните се враќаат назат, за да пронајдат друг прооден пат.
Во Скопје невремето најпрво започна со ветер, па дожд, но со силниот дожд дојде и ситен град, но сепак направи проблеми низ повеќе делови од градот.
Веќе објавивме и видеа од невремето во Скопје, поточно од населбата Бутел, каде паѓаше и град, а граѓаните јавуваа дека им се поплавени и подруми.
Фото: Фактор
Слично
