Поплавени се дворови и подруми во струшко
Поплавени се дворови и помошни простории во струшката населба Мислешевски пат.
Има излевање на канализациите и поплави во подруми на неколку куќи во населбата.
„Поради поплавување од површински води во Мислешевски пат, вчера и од утрово имавме дојави за поплавени дворови и помошни просотрии, за што ја известивме Општината. Денеска имавме една дојава и за истекување на канализациската мрежа во оваа струшка населба“, вели ракводителот на регионалниот Центар за управување со кризи од Охрид, Митко Темелковски.
Во однос на проодноста на патиштата, во координација со подружницата на јавното претпријатие „Македонија пат“ посочи дека патиштата во струшката област Малесија, каде има само неколку постојани жители, не се проодни.
Излевања имаше и во Делчево и делчевско каде е оштетен мост, со што селските гробишта во Трботивиште се отсечени. Во Македонија деновиве наврнаа и над 20 литри дожд на метар квадратен.
