Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавени се дворови и фарми во Чешиново-Облешево

Поплавени се дворови и фарми во Чешиново-Облешево

Излевања има во источниот дел на Македонија. 

Обилните врнежи од дожд и неисчистените канали предизвикаа проблеми на земјоделците Чешиново-Облешево. Попавени им се дворовите и фармите по неколкудневното врнење, објави Алфа. Мештаните вината освен во природата ја бараат и во сопствената, но и во неодговорноста на надлежните. 

„Да ги чистеа редовно каналите, немаше да дојде до поплава.Надојдената вода преку каналот ќе отидеше право во Злетовица„-вели 75 годишниот Стојан Блажев за Алфа .

Најголемата брана во регионот Калиманци која што во изминатиот период беше под нивото се полни. 

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во Кумановскиот регион.

Во изминатите 24 часа наврна големо количство дожд, што дополнително придонесе за зголемување на нивото кај сите водотеци и езера ширум земјата. И во наредните денови се очекува дожд. 

Од среда ќе имаме минусни температури. 

Слично

Поврзани вести