Поплавени подрумите на тетовската болница, се чека ЕВН да пушти струја
Поплавени куќи и подруми, заглевени коли под подвозникот,поплавени улици,патишта паднати дрва и други проблеми се пријавени во Центарот за управување со кризи по вчерашното невреме што го зафати Тетово и регионот.
Поплавени се сите подрумски простории на клиничката болница Тетово, а имало и поплавени куќи во селата Јегуновце, Фалише ,Сиричино и други места.
Од ЕВН известиле дека половина Тетово е без напон. претходното барање на противпожарната единица било да се исклучи целиот град од струја, но од ЕВН одговориле дека надвор од мрежа ќе бидат само деловите каде што има штети.
На терен активно работат екипи од ЈКП Тетово кои со помош на пумпи вршат испумпање на водата од поплавените простории.
Невремето што во попладневните часови го зафати Полошкиот реон траеше околу 40 минути проследено со силен дожд, град и ветер.
Како последица на невремето на тел 112 пријавени се огромен број на настани од кои поголем дел се за поплавени подрумски простории, одрони , поплавени подвозници и улици, прекини на електрична.енергија, паднати дрвја и друго.
Моментално екипи на ЈКП Тетово и ТППЕ Тетово интензивно интервенираат во нормализирање на состојбата.
Подвозникот на влезот во Тетово од кај Скопје кој беше поплавен и непрооден сега е прооден и сообраќајот се одвива редовно. Заглавеното возило од ТППЕ Тетово нај истиот подвозник е тргнато. Исто така од страна на ЈКП исчистена е шахтата која го блокираша патот кај касарната во Тетово и истиот патен правец сега е прооден, а исто така и патот од кај спортскиот центар што оди кон касарната од страна на ЈКП е исчистен и прооден. Моментално во Тетово сите патни правци се проодни.
Засега немаме добиено информации за излевање на вода од реките и потоците во полошкиот регион како што се Доброшка Река, Поројска Река, Пена, Вардар и останатите.
Моментално ТППЕ Тетово со 15 пумпи и сите расположиви сили интервенира етапно во градот и поради големиот број на пријавени настани не се во можност веднаш да интервенираат на сите места.
Од ЦУК известуваат дека во разговор со дежурната служба на ЕВН добиена е информација дека моментално се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред ќе се пушти струја.
