Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавени 300 куќи во Кумановско, одронет патот до село Соколарци, Кочанско

Поплавени 300 куќи во Кумановско, одронет патот до село Соколарци, Кочанско
Поради обилните дождови во Кумановско, се зголеми нивото на реките Кумановка и Којнарка и се излеаа од речните корита предизвикувајќи штети на најмалку 300 куќи во повеќе населби. Најкритично, според првичните информации, е во населбата Долно Коњаре долж улицата „Никола Тесла“, населбата Средорек каде се зафатени околу 200 куќи, како и куќите и објектите кон месноста „Митев Мост“ и на потегот кон селата Доброшане и Шупли Камен. Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека во кумановско наврнале 44 литри дожд на метар квадратен. „Во населбата Средорек, околу 100 куќи се поплавени и дел од населението треба да се евакуира“, изјави Џеват Демировиќ, претседател на месната заедница Средорек. Штети се предизвикани на куќи и помошни објекти. Жителите од овие населби велат дека водата надошла околу два часот по полноќ. „Евакуирани се 20 семејства синоќа доцна во ноќта. Во тек е состанок, а веќе од утре граѓаните кои претпрпеа штета ќе може да поднесат пријави за обесштетување“, информира Зоран Павловски претседател на штабот за заштита и спасување. Во исто време, поројниот дожд и надојдените води однесоа дел од патот кај селото Соколарци, Кочанско во должина од стотина метри и длабочина од околу пет метри. Однесен е асвалтниот коловоз и направени се големи влдлабнатини на патот кој е во прекин. Како што соопштуваат од Макеоднија пат секција Кочани, од предпладнево сообраќајот е пренасочен кон село Чешиново, односно Спанчево и Облешево. На лице место излегоа надлежните органи и се прават напори за санирање на коловозната лента и нејзино оспособување за сообраќај.  
Слично

Поврзани вести