Поплавена болницата во Кичево, интервенираше пожарната и водоводната служба
Фото: Porta.mk
Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов. Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба,објави Центарот за управување со кризи.
Синоќа во нормална фаза, односно нормално функционирање се врати кичевската општа Болница, која беше зафатена од надојдена поплава поради обилните врнежи од дожд. „ТППЕ Кичево“ заедно со координација на екипи од „ЈКП Комуналец“ неколку часа беа активни на терен во исцрпување на надојдената вода која ги зафати магацинските простории и просториите на Иститутот за Трансфузиологија.
– Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на колегите од Општа и заедничка служба при ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево, како и за ангажманот на ТППЕ и Комуналец кои неуморно неколку часа работеа за санација на обилната водена површина која ја зафати нашата Болница. Од 11 до 18ч просториите беа без електрична енергија поради безбедносни причини, за од пред еден час нашата Болница да функционира и да се врати во нормала, уште еднаш преку вашиот медиум упатувам искрена Благодарност до службите, вработените, општествено одговорните фирми и сите граѓани, така што се надевам дека овој проблем час поскоро ќе стане минато, за Порта.мк истакна директорката на ЈЗУ „Општа Болница“, Маја Цветановска-Трајкоска.
