Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавен патот Охрид - Свети Наум

Поплавен патот Охрид - Свети Наум

Поради поплава од ноќеска по 3 часот непрооден е дел од патниот правец Охрид-Свети Наум,кој изминатиот период се реконструираше.

Според информациите на АМСМ,непрооден е во близина на стовариште „Митко“, каде на десната коловозна лента во правец на Охрид, има околу 100 метри вода длабока до 30 сантиметри. 

Сообраќајот се пренасочува по левата коловозна лента, а за проблемот е известено Јавното претпријатие Македонија Пат, информира АМСМ.

Според извештајот на АМСМ, сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози.



Слично

Поврзани вести