Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплавен еден патен правец во Западна Македонија

Поплавен еден патен правец во Западна Македонија

Поради oбилните врнежи дожд околу 20 часот во селото Доброште, тетовско, водата од реката Поника се излеала на главниот пат Тетово – Јажинце.

Поради излеаната вода, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од АМСМ.

Воедно оттаму додаваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно, по влажни коловози. На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов тоа не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.

За вечерва беа најавени обилни врнежи од дожд, посебно во западниот дел на земјата. 

Слично

Поврзани вести