ПОПЛАКИ ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Родители бараат Општина Центар и Државниот просветен инспекторат итно да влезат во училиштето „11 Октомври“
Група загрижени родители на ученици од I-2 (прво два) одделение во ОУ „11 Октомври“ – Општина Центар вечерва испратија допис до медиумите во кој се жалат дека има врсничко насилство и бараат надлежните да преземат мерки.
„Ние, група загрижени родители на ученици одI-2 (прво два) одделение во ОУ „11 Октомври“ – Општина Центар, се обраќаме до вас како последен излез во борбата за безбедноста и правото на образование на нашите деца. Сакаме да го информираме министерството, општината и целата јавност за алармантната состојба која трае во текот на целата учебна година, а за која училишното раководство вешто молчи и игнорира“, се наведува во реакцијата.
Родителите бараат Општина Центар и Државниот просветен инспекторат итно да влезат во училиштето „11 Октомври“.


