Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поплаки од синоќешната рација на полицијата во Виница

Поплаки од синоќешната рација на полицијата во Виница

Редакцијата на Инфомакс, информира дека, според информациите кои стигнале како реакција од граѓаните на општина Виница, синоќешната полициска акција над работењето на градскиот базен била брутална.

„Имено на градскиот базен во Виница додека се случувала журка, била спроведена рација во која полицијата не им дозволувала на малолетните лица да го напуштат локалот пред 00:00.

Рацијата се спроведувала со полициски кучиња и дел од малолетниците биле извадени надвор од локалот со лисици на рацете. Во рацијата учествувале околу 100 полицајци, а дел од нив биле и неуниформирани“; објави порталот.

МВР објави дека двајца полицајци биле нападнати од возрасно лице при контрола на работењето на базенот во Виница, при што се дало во бегство и во моментов е недостапно за органите на редот.

„На 02/03.08.2025 во времето од 23:50 часот до 02:00 часот, постапувајќи по претходно подготвен план, полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, од Државен пазарен инспекторат, од Трудов инспекторат, од Управа за јавни приходи и Центар за јавно здравје-Кочани, извршија контрола врз работењето на угостителски објект (Градски базен) во Виница.

При тоа, легитимирани се 19 лица, а извршен е преглед врз осум лица, а од страна на полициските службеници во објектот беа затекнати и три малолетни лица, од кои две на 16 годишна возраст од Виница и едно на 14 годишна возраст од Кочани, како конзумираат алкохолни пијалоци. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кочани и по негови насоки поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на деца“ по чл. 204 од КЗ на РСМ, од лицата, во присуство на родител/старател, земени се изјави, материјал за анализи и извршено е алкотестирање.

При вршењето на контролата од страна на У.М. (34) од Виница прво вербално, а потоа и физички биле нападнати двајца полициски службеници, по што У.М. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, информираше претходно министерството.


Слично

Поврзани вести