Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа, едно лице се бори за живот
Едно машко лице чиј идентитет се уште не е потврден е повредено во сообраќајката која попладнево се случи на магистралниот пат Кочани-Делчево во близина на браната Калиманци.
Сударот се случил во 15:50 часот меѓу тешко товарно возило „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички и автомобил марка „опел“ без регистарски таблички.
Во несреќата тешко е повреден возачот од автомобилот кој веднаш е пренесен во Општата болница во Кочани, но поради серозноста на повредите, лицето е пренесено на клиниките во комплесот „Мајка Тереза“ во Скопје каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Увидот на местото прават полициските службеници и јавен обвинител, а по завршувањето на увидот се очекува сообраќајот да се нормализира.
Слично
