Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попладне нестабилна облачност

Попладне нестабилна облачност

Сончево утро и претпладне ќе имаме во сабота. Попладне умерен, изолиран развој на нестабилна облачност ќе има во западниот регион, пред се околу планините, како и на потегот од осоговскиот до малешевскиот регион на исток. Врнежите од оваа облачност ќе бидат релативно краткотрајни, но со можност да имаат пороен карактер, пренесува метеопро.

Топло ќе биде и наутро.

Минималната температура во поголем дел од низините ќе има вредност од 15 до 19 целзиусови степени.

Највисоката дневна температура ќе достигне вредности од 33°С до 35°С во котлините од источното и вардарското подрачје. Максимална околу 30°С се очекува во пелагониската котлина како и во охрисдко-преспанскиот регион.

УВ индекс: 8.

Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде топло со минимална температура која ќе се „спушти“ до 17°С. Највисоката дневна температура ќе достигне вредност околу 33°С.

Слично

Поврзани вести