Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попладне ќе имаме врнежи од дожд

Попладне ќе имаме врнежи од дожд

Промени на времето ќе имаме во текот на денот. 

Попладне времето во Македонија ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. 

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Ветерот попладне ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува.

Дневните тепмератури ќе се искачат во Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 23, Битола 26, Крива Паланка 21, Берово 19, Кавадарци 26, Дојран 25.

Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер ќе имаме утре. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе бидат во интервал од 14 до 25 степени.

Прогнозите на европски експерти говореа дека овој месец мај ќе биде навистина топол. 

Слично

Поврзани вести