Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПИСОТ ПАК Е ВО ПРЕКИН: Нема да се попишува во сите три денови на жалост, сепак проблемот е поголем?

ПОПИСОТ ПАК Е ВО ПРЕКИН: Нема да се попишува во сите три денови на жалост, сепак проблемот е поголем?

Пописот е во прекин и денеска, а попишувачите не земаат податоци од терен. Така беше и вчера кога се славеше Денот на независноста. Фактор се обиде да добие информација од првиот човек на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, но тој не одговара на повиците. Официјален став требало да соопшти Владата и тоа соопштение се најавува набрзо.

Фактор сепак неофицијално дознава дека во овие три дена, кои се прогласени за денови на жалост поради пожарот во Тетово каде животот го загубија 14 луѓе, процесот на попишување треба да забави или воопшто да не се реализира.

Во тој период најверојатно ќе се санираат и техничките проблеми кои ги имаше пописниот систем кој сега е он лајн. 

Практично, уште на вториот ден од пописот во понеделникот, системот падна и податоци во уредите на попишувачите не беше можно да се внесуваат. Тие проблеми беа надминати, а Симовски изјави дека системот е апдејтиран. Сепак најверојатно се уште има предизвици околку тоа, па овие денови треба да се надминуваат. Никој не открива дали сепак станува збор за поголем проблем.

А.Т.

Слично

Поврзани вести