Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пописот „не им се дава“ на политичките притисоци

Пописот „не им се дава“ на политичките притисоци

Додека власта тврди дека е целосно подготвена за реализација на пописот, најголемата опозициска партија става сопки.

Засега, критиките од ВМРО ДПМНЕ, институциите ги прифаќаат оптимистички објаснувајќи ги сите придобивки додека појаснувањата на институциите продолжија и вчера.

Привиот човек на Државниот завод за статистика кажа дека пописот е статистичка, сложена операција и никако не може да има политичка конотација.

Објаснувајќи ги категориите како ќе се попишува населението директорот Апостол Симовски кажа дека е свесен за политичкит притисоци.

-На нас е дали ќе успееме да им одолееме на политичките птитисоци, но ние сме решени да истраеме во оваа операција да помине статистички.

ДЗС ќе има задача да ги собере информациите точно и квалитетно а како ќе се истретоираат тие податоци подоцна не зависи од нив, потенцираше Симовски.

Од друга страна пак , лидерот на ВМРО ДПМНЕ преку социјалните мрежи упати критики дека мнозинството на Владата не ја примило иницијативата на граѓаните да се одложи пописот

-Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува. На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот-стои во објавата на Мицковски .

Владата се дообјаснува за пописот: Какви податоци ќе може да се дадат за лице во странство

Слично

Поврзани вести