Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПИСОТ ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ОД ПРВИ ДО 21 АПРИЛ - со 62 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за попис

ПОПИСОТ ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ОД ПРВИ ДО 21 АПРИЛ - со 62 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за попис

Конечно е изгласан Законот за попис.

Со 62 гласа „за“, и со бадентерово мнозинство Собранието го донесе Законот за попис.

Ова се случува по една недела откако заврши расправата за ова законско решение. 

Инаку, за законот гласаа пратеници од коалицијата на СДСМ, ДУИ и од опозициските Алтернатива и Алијанса на Албанците.

А, пред чинот на гласање, преку процедурални забелешки, опозицијата ги искажа своите ставови. 

Конкретно, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека со овој закон пописот ќе биде политичка, наместо статистичка операција. Од партијата на Христијан Мицкоски рекоа и дека се сомневаат во предвремено договорање на пописните резултати меѓу коалициските СДСМ и ДУИ, а доказ за тоа била недовербата меѓу нив која била преместена помеѓу врзаните потписи што треба да ги имаат директорот на Државниот завод за статистика и заменикот кој е Албанец.

Во законот е наведено дека пописот треба да се спроведе во првите три недели од април. 

Пописот ќе го спроведуваат попишувачи под контрола на Државниот завод за статистика. Исто така, ќе бидат користени и државни бази на податоци за граѓаните. Оние кои нема да бидат затекнати за време на попишувањето ќе можат да бидат попишани од нивни блиски или комшии со давање единствено на матичен број. Државјаните надвор од државата ќе може да се попишат преку електронска пописница.

Слично

Поврзани вести