Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попишани се 502.000 лица до 18 часот

Попишани се 502.000 лица до 18 часот

Заклучно со 18 часот, попишани се 502.000 лица во Македонија. 

Податокот го објави денеска Државниот завод за статистика и информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. 

„Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во бирото за попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас“, објави ДЗС на официјалната Фејсбук страница за Попис 2021.

Пописот ќе биде завршен на 30 септември. 

Слично

Поврзани вести