ПОПИС УШТЕ ДЕСЕТ ДЕНА: Еве колку попишани граѓани има досега
Уште десет дена остануваат до крајот на рокот за попишување.
Засега попишувањето оди според планираниот интензитет, а бројката на попишани граѓани достигна над милион.
Од заводот за статистика се задоволни од бројките, а такво чуство дели и премиерот кој на социјалните мрежи напиша дека успешниот попис е гаранција за сигурна иднина .
„Милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа. Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години. Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина, објави на Фејсбук премиерот Заев“.
Слично
