Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попис 2021: Во Македонија има 19.000 неписмени, преку 62.000 не го завршиле основното училиште

Попис 2021: Во Македонија има 19.000 неписмени, преку 62.000 не го завршиле основното училиште

Третиот сет на податоци што го објави Државниот завод за статистика на полето на образованието, во вкупното резидентно  население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста,  регистрирани се 18 897  или 1.2 % неписмени лица.
Меѓу неписмените има 5.517мажи и 13 380 се жени. Без образование се 23 192 лица, додека 62 129 лица или 4.1 отсто од резидентоното население се со незавршено основно образование. 423 456 лица или 27.8 проценти се само со завршено основно образование, 
Дури 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.

672 375 лица или 44.1 отсто од населението се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 проценти се со високо образование, 29 654 лица  или 1.9 % се со магистратура.

Постојат 6 037 лица кои се со докторат. 

Слично

Поврзани вести