Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНАЛ НА ПАТ КОН БОЛНИЦАТА: Детали од сообраќајката кај Охрид

ПОЧИНАЛ НА ПАТ КОН БОЛНИЦАТА: Детали од сообраќајката кај Охрид

Починатиот имал 78 години. Тој вчера ја изгуби битката по сообраќајката која се случи попладнето во 14.40 часот на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“.

Полицијата денеска соопшти детали. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека во несреќата учествувале “фолксваген голф“ со охридски регистарски управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управуван од Е.Љ.(22) од Охрид, “фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки управуван од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила.

„Во незгодата, сопатникот од возило “фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо“, вели Димоски.


Слично

Поврзани вести