Економија, финансии, бизнис

Контакт

Понудена спогодбена казна за „Дрисла“ за пожарот на 5 септември

Понудена спогодбена казна за „Дрисла“ за пожарот на 5 септември

Пожарот на депонијата на јавното претпријатие (ЈП) „Дрисла“ избил во делот за текстил и скај дента на 5 септември во раните утрински часови (околу 4 часот) кој по околу 4 и пол часа беше изгаснат, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.

Од инспекторатот денеска информираат дека „Дрисла“ како правно лице би требало да плати од 110 до 120 илјади евра, но дека му е понудено спогодбено решение.

„Во врска со опожарувањето на делот каде што се складирал индустриски отпаден текстил и скај утрото во 4 и 30 часот на ден 05.09.2023 одговорните лица за животна средина од ЈП Дрисла и телефонски и по е-пошта согласно А – Интегрираната Еколошка Дозвола уредно го исвестиле ДИЖС за настанатиот пожар и веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот припомогнати и од Пожарната единица на Градот Скопје. По интервенцијата пожарот околу 8 и 30 часот е изгаснат. Екипа на МВР извршила увид, по изјава на одговорното лице дека се работи за можно подметнување на пожарот.

Согласно Законот за животна средина од страна на инспекторот се преземени дејствија согласно утврдените прекршувања на законските одредби. На правното лице понудена е Постапка за спогодување за сторен прекршок кој е казнив согласно Законот за животната средина - член 212-ж став (1) точка 1 во врска со член 20, (Трета Категорија прекршок за кој за средни трговци санкцијата изнесува 110.000-120.000 евра во мкд противвредност). Доколку записникот за спогодување не биде потпишан од страна на одговорното лице согласно регулативата целиот предмет на 25.9 ќе биде предаден на Суд, Скопје и ќе се бара санкција за правното и одговорното лице во правното лице“, информираат од ДИЖС.

Претходно, „Дрисла“ го пријави случајот во МВР и Јавното обвинителство под сомнение дека пожарот бил подметнат.


Слично

Поврзани вести