Поништено контроверзното мислење за градба на висококатница кај ГОБ „8 Септември“
Скопскиот Конзерваторски центар го поништи контроверзното позитивно мислење издадено за висококатницата кај поликлиника „Букурешт“ врз основа на кое потоа Опшштина Карпош издала и дозвола за градба.
Ова денеска го потврди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која го покажа документот на социјалните мрежи.
Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“ кој е и сопственик на парцелата. Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти нема да може да слетуваат хеликоптери
Затоа секоја од надлежните засегнати инситуции во овој случај да постапат согласно своите надлежности, а пред сè во насока на заштитата на културното наследство и на јавниот интерес“, напиша министерката.
Издаденото решение не беше во согласност со правилникот по Законот за заштита на културното наследство. Сепак Костадиновска Стојчевска и натаму не одговара дали тоа ќе значи дека ќе биде запрена изградбата, односно одземена градежната дозвола.
Градилиштето на новата 17-катна зграда во близина на медицинскиот хелиодром и на Градската болница „8-ми септември“ веќе е оформено по издадена градежна дозвола на општина Карпош и покрај противењето на невладините еколошки активисти и на советничката група „Независни за Карпош“.

