Поништено гласањето во седум избирачки места
Државната изборна комисија денеска донесе одлука да го поништи гласањето на седум избирачки места по првиот круг од претседателските избори. На јавна седница, членовите на ДИК констатираа повреди на избирачкиот процес на седум избирачки места, и тоа: две во Кавадарци, едно во Куманово, потоа едно во Охрид, во скопските општини Аеродром, Центар и едно во Кичево.
Гласањето секаде е поништено поради тоа што во гласачките кутии имало повеќе ливчиња од запишани гласачи.
На овие избирачки места нема да се прегласува, бидејќи резултатот не влијае на конечниот резултат.
По првиот круг избори беа поднесени 14 приговори, сите од штабот на Гордана Силјановска – Давкова.
Слично
