Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОНЕСЕТЕ ЧАДОР И ДЕНЕСКА - ПОВРЕМЕН ДОЖД И РЕТКИ ГРМЕЖИ: слично време и следните денови, еве што да очекувате за празникот

ПОНЕСЕТЕ ЧАДОР И ДЕНЕСКА - ПОВРЕМЕН ДОЖД И РЕТКИ ГРМЕЖИ: слично време и следните денови, еве што да очекувате за празникот

Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

- Во Скопје, променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст - додаваат од УХМР.


За празникот на работниците, односно за 1-ви мај според метеопрогнозерот Славчо Попоски, кој прогнозите ги споделува на неговата веб страна „Метеоаларм“ не очекува сончево време. 

- Може да планирањет скара на отворено, поради тоа што ќе бидеме под влијание на стабилна  и на сува воздушна маса, но ќе биде  и потопло за разлика од сега.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност. Сепак, повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.

И во Скопје  и околината за 1-ви мај ќе имаме стабилно, суво, топло и сончево време, со појава на мала до умерена облачност. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 25/26 степен - пишува Поповски. 


Слично

Поврзани вести