ПОНЕПРОПИСНО НЕ МОЖЕ: Ем на инвалидска патека, ем столбчето го руши, каде вака?
Македонската сообраќајна некултура нема крај. Од многубројните примери издвојуваме скопјанец кој во кругот на Клиничкиот центар во главниот град своето возило го паркирал на патеката означена за инвалиди. Дополнително со задниот дел наликува дека го руши солпчето поставено за заштита на инвалидите од автомобилите.
Фотографијата која ја гледате е споделена на социјалната мрежа Фејсбук, во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, каде редовно се објавуваат вакви или слични примери на несоодветно паркирани возила.
Иако хаосот на Клиничкиот ценар им е познат на сите кои имале потреба да го посетат, каде многу ретко се успева да се дојде до паркинг место. Честопати граѓаните укажуваат дека заглавуваат во гужвите, па дури биле блокирани во некои од уличките и морале да трчаат да стигнат на терминот за преглед, бидејќи се пуштаат многу повеќе возила отколку што има паркинг места. Сепак, ова не е причина да се блокираат патеките за инвалидите на кои ова им е единствениот начин да стигнат безбедно до посакуваниот термин.
Ова секако предизвика лавина реакции кои може да ги проследите во продолжение.

