Економија, финансии, бизнис

Контакт

Понеделник неработен - колку продолжени викенди ќе има во 2018?

Понеделник неработен - колку продолжени викенди ќе има во 2018?

Понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2018 година (понеделник), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година.

Во 2018 година Велиден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6-ти април, ќе има можност за подолг одмор. 

На 24 мај е Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд. 

Продолжен викенд ќе има и на 15 јуни, затоа што тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.

Слично

Поврзани вести