Економија, финансии, бизнис

Контакт

Понеделник е неработен за сите граѓани, петок за православните

Понеделник е неработен за сите граѓани, петок за православните

Во понеделник ќе одмараме. 

Понеделник, втор ден од празникот Велигден, е неработен ден за сите граѓани во земјава, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. 

Согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 17 април 2017 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед и на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден. 

14 април 2017 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Со ова ќе имаме продолжен викенд. 

Следен неработен ден ќе биде 1 мај денот на трудот. 

Слично

Поврзани вести