Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОНЕДЕЛНИК ДЕН ЗА ОДЛУКА: Ќе се распише референдум, а кога ќе се одржи?

ПОНЕДЕЛНИК ДЕН ЗА ОДЛУКА: Ќе се распише референдум, а кога ќе се одржи?

Парламентот во понедлник ќе распише референдум за името на државата, кој , најверојатно ќе биде одржан на 30 септември.

До тога, кога треба да почне да работи и новоизбраната државна изборна комисија, парламентарните партии ќе ги интензивираат консултациите околу дефинирање на референдумското прашање.

Во наредните два дена е потребно и да се прецизира дали референдумот ќе биде консултативен или задолжителен, од што зависи и висината на потребниот излезен цензус.

Владеачката партија останува на ставот дека прашањето треба да гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција за името?“, додека опозициската ВМРО ДПМНЕ истакнува дека прашањето мора да биде „јасно и концизно и да има едно значење“.

Премиерот Зоран Заев истакна дека очекува успешен референдум на кој граѓаните во големо мнозинство ќе донесат една мудра, зрела и прогресивна одлука, која ќе го потврди патот на Македонија во ЕУ и НАТО.

Успешниот референдум за Договорот со Грција и промена на името на државата во Република Северна Македонија (до крајот на оваа година) е услов за интеграција на земјава во ЕУ и НАТО. 

Слично

Поврзани вести