ПОНЕДЕЛНИЧКИ: Ново поскапување на нафтата
Пред две недели од Регулаторната комисија за енергетика беше донесена одлука за промена на цените на бензините, со што цените се зголемија за 2 денари.
Со последната промена на цените на Први мај малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Ново поскапување на нафтените деривати најавуваат осцилаторните движења на цените на светските берзи.
Во моментов барел нафта се продава за 74,5 долари што е над нивото кое како средна цена Регулторната комисија за енергетика го постави при регулирањето на малопродажните цени, минатиот понеделник. Таквиот развој на настаните гарантира повисока малопродажна цена за горивата во Македонија од понеделник.
Комисијата ќе ги изнесе новите цени што ќе важат од полноќ.
