Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОМПЕО И МЕРКЕЛ МУ ЧЕСТИТАА НА ЗАЕВ - противниците на Мицкоски пак побараа од него да не се крие

ПОМПЕО И МЕРКЕЛ МУ ЧЕСТИТАА НА ЗАЕВ - противниците на Мицкоски пак побараа од него да не се крие

Противниците на лидерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ, се доста активни.

Тие и денеска со реакција и барање до партискиот прв човек.

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Мајк Помпео вчера на Зоран Заев му го честиташе формирањето на новиот владин кабинет. Ден претходно и германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе реизборот на Зоран Заев како премиер и побара спроведување на реформите.

Ова го нагласуваат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден партиски конгрес. 

„Се редат честитки од сите меѓународни партнери и пријатели на Македонија, а се уште актуелниот претседател Мицкоски се крие во својот кабинет и промовира политики со кои го оддалечува ВМРО-ДПМНЕ од стратешките определби“, реагираат од иницијативниот одбор за свикување на вонреден партиски конгрес.

Тие, во ново соопштение кое денеска го испратија до јавноста, обвинуваат дека Христијан Мицкоски е изолиран и осамен во претседателскиот кабинет на ВМРО-ДПМНЕ само за да ја одбегне сопствената одговорност за поразот.

Според одборот, вистинскиот пат за да биде поразен СДСМ е преку оставка на Мицкоски, вонреден конгрес и избор на ново раководство.

Слично

Поврзани вести