Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помош за поплавените – донираа Словачка и Холандија

Помош за поплавените – донираа Словачка и Холандија

Словачка и Холандија се земјите кои испратија помош за настраданите во поплавите од 6 август во скопско.

Во Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе пристигнат  донациите од овие две земји.

На примопредавањето на донациите ќе присуствуваат претставници од амбасадите и претставници од Владата на Република Македонија.

Донациите ќе бидат предадени во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во населба Аеродром, каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Преку Механизмот за цивилна заштита досега за земјава пристигнаа донации од Грција, Австрија, Чешка, Унгарија и Бугарија.

Во рамки на своите можности донираа и многу други земји.

На терен се санираат последиците од невремето и полека животот се враќа во нормала.

Слично

Поврзани вести