ПОМОШ ЗА МАКЕДОНИЈА: Уште една европска земја донира заштитни маски
Милион заштитни маски има земјава како донација од Чешката Република.
Тие вчета пристигнаа во Македонија. Донацијата на аеродромот ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој се заблагодари на владата на Чешка и чешкиот народ.
Османи вели дека донација не само што ќе помогне за поефикасно и поуспешно земјава да се справи со КОВИД 19, туку е и симбол на европската солидарност.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров исто така се заблагодари и рече дека на мака се познаваат пријателите.
Донација од маски и заштитна опрема има и од Турција и Бугарија.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов деновиве изјави дека ќе им помогне на браќата во Македонија.
Слично
