Помош стига и од Романија - ќе испратат авион
Романија испраќа авион за гаснење пожари со голем капацитет.
По писменото барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите – брза реакција и одлука од страна на нашиот НАТО сојузник, Романија, која донесе одлука да нè поддржи со авион за гаснење на пожари со поголем капацитет.
„Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка“, стои во писмото кое го испрати министерката Шекеринска до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.
Србија, Бугарија, Словенија се само дел од земјите кои се вклучија со цел да помогнат.