Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОМОШ ОД ПОЛСКА: Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во оваа земја

ПОМОШ ОД ПОЛСКА: Двајца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во оваа земја

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево се пренесени во Полска на лекување, информираше Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.

„Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија“, се наведува во објавата.

Чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва на социјалната мрежа Х објави дека вчера пречекал медицински тим од Чешка да помогне на македонските лекари во лекување на повредените во пожарот во Кочани. Повеќе од 70 пациенти се префрлени на лекување во странство. 

Слично

Поврзани вести