Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помлад обвинител може да седне во фотелјата на новото СЈО

Помлад обвинител може да седне во фотелјата на новото СЈО

Според новиот предлог закон за јавното обвинителство за гонење на организиран криминал  и висока корупција за шеф на оваа обвинителство ќе може да конкурираат и помлади обвинители.

Министерството за правда го објави предлог законот и деталите за новиот закон, во него пишува дека за јавен обвинител на новото Јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку 6 години како јавен обвинител до моментот на пријавување за именување и кој е оценет со позитивна оценка во последните три години. Исто така во предлог законот пишува и дека изборот на овој обвинител ќе го врши Советот на јавните обвинители.

Инаку, премиерот Зоран Заев преку прес-конференција ја извести јавноста за овој нов предлог закон. Фактор пишуваше на таа тема.

Сите детали за новиот предлог законот прочитајте ги овде.



Слично

Поврзани вести