Помина Законот за јазици на Влада
Помина Законот за јазици на Влада, дознава тв 24 од владини извори.
Во него ги нема двојазичните банкноти, амблеми на војската ниту двојазичните хартии од вредност. За нив ќе решава венецијанската комисија и доколку добијат зелено светло, во понатамошната фаза ќе бидат вградени.
Сепак во општините каде што Албанците се над 20% униформите на полицијата; пожарникарите и здравствените работници ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе стојат културни елементи на Албанците, но не текст на албански јазик.
Партиите на Албанците бараа законот да се донесе во првите 100 дена, односно пред локалните избори.
Слично
