Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помалку работни часови-повеќе потрошени пари?

Помалку работни часови-повеќе потрошени пари?

Новинарка од Бизнис Инсајдер направи експеримент, со кој во текот на две недели ги намали работните часови за 17%.

Целта беше да се види  дали тоа ќе влијае на нејзиното расположение и на работата, но резултатите покажаа нешто сосема друго. Наместо да работи од 9 наутро до 18 часот попладне, и за време на пауза за ручек да чита книга поврзана со работата, таа работела од 9 до 17 часот и користела пауза за ручек од половина час.

Новинарката вели дека во првите денови од експериментот многу брзала, а продуктивноста останала иста. Таа додава дека додека траел експериментот единствено повеќе пари потрошила за оброците во ресторан, кафиња после работа,  односно од 3 до 15 долари повеќе дневно.

Заклучокот не е дека не треба порано да се излезе од канцеларија, но ако планирате да намалите работни часови и да ја зголемите паузата, ако е тоа можно, времето треба паметно да се планира.

Слично

Поврзани вести