Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помалку пари праќаат печалбарите

Помалку пари праќаат печалбарите
Дознаките од странство во првите четири месеци од годинава се намалени за речиси 30 милиони евра во однос на истиот период лани. Според податоците на Народната банка на Република Македонија, во периодот јануари-април годинава печалбарите во Македонија испратиле за 28,9 милиони евра помалку во споредба со првото четиримесечје лани. Се работи за тековни трансфери од кои најголемиот дел отпаѓа на парите од Македонците кои работат во странство кои по разни канали влегуваат во земјата. Така, во првите четири месеци годинава приливите по овој основ изнесувале 386,4 милиони евра, а истиот период лани 413,3 милиони евра. Пад има и доколку се споредат податоците за април - во април годинава по овој основ во Македонија се слеале 126,5 милиони евра, а истиот месец лани 129,9 милиони евра.
Слично

Поврзани вести