ПОМАЛКУ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА: Бум има во два региони, во другите малку се гради
Во јули годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 210 станови, со вкупна корисна површина од 19 748 м2.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 554 923 илјади денари, што е за 55.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, според Државниот завод за статистика, 124 (60.5%) се наменети за објекти од високоградба, 24
(11.7%) за објекти од нискоградба и 57 (27.8%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 205 објекти, на 134 (65.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 71 (34.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.
По региони, во вардарски се издадени 8, во источен 17, во југозападен 32, во југоисточен 12, во пелагониски 21, во полошки 48, во североисточен 7 и во скопски 60 одобренија за градба.
