ПОМАЛКУ БРАКОВИ, ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ: Се намалил и бројот на родени деца
Се зголемува бројот на разводи, а се намалува бројот на бракови во Македонија.
Според последниот извештај на Државниот завод за статистика(ДЗС), во последните три месеци лани, разведени се 601 двојка, што во однос на истиот период од претходната година е зголемување за 23,9 отсто. Според истиот извештај, намален е бројот на двојките кои се одлучуваат за брак, со 2.430 склучени бракови во рок од три месеци, што во однос на истиот период од претходната година е намалување од 14,7 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година, бројот на родени деца во земјата е намален. Родени се 3.968 деца, а во однос на истиот период лани нивниот број е намален за 4,2 отсто.
Слично
