Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помалите партии со честитки до Владата - очекуваат напредок

Помалите партии со честитки до Владата - очекуваат напредок

Помалите партии му честитаа на премиерот, Зоран Заев, а од новата Влада очекуваат напредок и реформи. 

Левица го поздравува крајот на авторитарното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски и нагласува дека новата влада пред себе ќе има важна и одговорна задача.

„Треба да ја врати и унапреди демократијата во земјата и треба да преземе мерки да ја подобри материјалната состојба на огромното мнозинство граѓани што осиромашија во периодот од стекнувањето на независноста до денес. Таа не смее да го користи начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ како дозвола или изговор за да владее на ист или сличен начин. Не смее ниту да владее на оној начин како што владееше до 2006 година. Затоа што и тогаш се спроведуваа мерки што доведоа до осиромашување на народот и незадоволително ниво на демократија- стои  во соопштението.

Левица очекува од новата влада да стави крај на корупцијата и клиентелизмот и вели дека не смее да ја продолжи практиката на поставување на раководни функции на „заслужни партиски кадри“ и наместо тоа пополнувањето на раководните функции треба да го врши преку распишување конкурси на кои ќе бидат избрани најквалификуваните кандидати, без разлика дали се членови на партии или не.

Демократскиот сојуз на Зоран Заев, му го честита изборот за премиер на Владата на Република Македонија, како и честитки за министрите во неговиот кабинет.

„Промените зад кои застанаа над 700 илјади граѓани започна. Нашите очекувања од новата реформска Влада се стабилизација на државата, релаксирање на состојбите и креирање на амбиент за сигурност на сите градење на единство и сплотеност, воспоставување на нов систем на вредности,коренити реформи на политичкиот систем и подеднакво важење на законите за сите граѓани. Ги подржуваме определбите за деблокирање на евроатланските -интегративни процеси и длабоките реформи во системот за безбедност (тајните служби), правосудството,како и реформите во даночната политика и образованието (укинување на екстерното тестирање и сл.) и другите области. Очекуваме силна целосна декриминализација на државата и неселективна и ефикасна борба против организираниот криминал и враќање на украдените пари на граѓаните“ - велат од ДС. 

Демократскиот сојуз и натаму ќе предлага идеи за јакнење на демократските капацитети, владеење на правото, подинамичен економски развој и еднакви шанси за младите да останат, работат и создаваат во Македонија, се вели во соопштението на партијата.

Партијата за демократски просперитет им го честита на граѓаните изборот на новата реформска влада предводена од претседателот на Владата, Зоран Заев.

ПДП смета дека изборот на Владата беше последен чекор во политичката борба против еден режим длабоко потонат до гуша во корупција и економски криминал и претставува отворање на една нова страна во историјата на државата за просперитетна економска, социјална, културна и здравстена иднина на граѓаните на Македонија.

Слично

Поврзани вести