Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помалите општини рекордери во излезност до 17 часот

Помалите општини рекордери во излезност до 17 часот

Излезноста на гласачите во Делчево до 17 часот е 62%. 

Во Берово до 17 часот гласале 69,3%  или 7708 гласачи. 

Во Македонска Каменица до 17 часот гласале 64,6% или 4329 од избирачите.

Со излезност на истокот од земјата води Пехчево, каде до 17 часот гласале 70,01% или 3.003 гласачи.

Во Гевгелија до 17 часот гласале 14.016 од запишаните 19.363 гласачи, односно 72,39%. Во Дојран гласале 71,2% од гласачите. Од запишаните 10.024 граѓани во општина Валандово до 17 часот гласале 6.802 избирачи што претставува излезност од 67,9%, а во општина Богданци гласале 4.620 од вкупно 6.906 граѓани што преттавува излезност од 66,90%. 

Во Кавадарци до 17 часот гласале 70,09% од гласачите, а во Росоман 75% од граѓаните. 

Во општина Новаци до 17 часот гласале 71,82%. 

Во општина Дебар до 17 часот гласале 7.648 од вкупно 17.461 граѓани или 43%, а во Центар Жупа излегле 27%. 

Во општина Охрид до 17 часот правото на глас го искористиле  62,8%. 

До 17 часот излезноста во општина Струга е 53,4%, а во Вевчани 73,5%. 


Слично

Поврзани вести