ПОМАЛ ПРОЦЕНТОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ: Од вкупниот број активни случаи, само 12 отсто се во болниците
Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот профил на Фејсбук објави анализа која се однесува на процентот на позитивните случаи на корона вирусот за кои е неопходно болничко лекување. Според оваа анализа, бројот на хоспитализираните пациенти се намалува.
-Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули. Во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%.
Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен, пишува министерот на својот профил на ФБ.
Слично
