Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина Вевчанци веќе гласале до 15.00 часот

Половина Вевчанци веќе гласале до 15.00 часот

Вевчани е општината со најголема излезност на гласањето за предвремените парламентарни избори до сега. До 15.00 часот гласале вкупно 49,22 отсто од граѓаните со право на глас во оваа општина. Во изборната единица 5 најголема излезност имало уште и во Крушево со 47,02 проценти.

До 15.00 часот од обработените податоци на гласање излегле 576.576, односно одзивот бил 31,78 проценти. Најмала излезност има во изборната единица 6 каде што води Тетово со 26,17 проценти зилезност, Јегуновце со 25,21 и Гостивар со 23,65 проценти излезност. Во изборната единица 5 вкупниот одзив е 22,85 проценти, а најголем е во изборната единица 3 со 37,24 отсто. Тука предводи Берово со 42 отсто.

Вои изборната единица 1 најмногу излегле во Центар (38,82), додека во ИЕ2 најмноги има во Ѓорќе Петров (36,74).



Слично

Поврзани вести