ПОЛОВИНА ОД ЗАПИШАНИТЕ ИЗБИРАЧИ НЕ ИЗЛЕГЛЕ НА ГЛАСАЊЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ - излезноста е само 49,65 отсто
Повеќе од половина полнолетни граѓани од државава не гласале на вториот круг на локалните избори кои се одржаа во земјава.
Државната изборна комисија целосно ја преброја излезноста на граѓаните во вториот круг од изборите, и таа покажува дека гласале 49,65 отсто од запишаните избирачи.
Или, ако такви се 1.355.556 граѓани, на гласање во вториот круг излегле 663.145 избирачи, што е 49,65 проценти.
За разлика од вториот круг, во првиот круг имаше само малку поголема излезност, односно 51,44 проценти.
Или, во првиот круг беа 1.824.862 запишани избирачи, а од нив на гласање излегоа 938.631 избирач, односно 51,44 отсто.
Фактот што во вториот круг има многу помалку запишани избирачи, се должи на тоа што во 34 општини изборите завршија уште во првиот круг, односно таму веќе беа избрани градоначалници со 50 отсто плус еден глас.
Н.Н.Ф.
