Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина од обвинетите во „Двојник“ ја признаа вината

Половина од обвинетите во „Двојник“ ја признаа вината

Службениците Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља и Раиф Мифтари, денеска пред судот рекоа дека се чувствува виновни за делото и доброволно ја признаваат вината како обвинети во акцијата „Двојник“ за изработка на пасоши со лажен идентитет за лица од регионалното подземје.

Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава.

Во овој случај има 11 обвинети државни службеници, односно референти, кои во полицијата за пари изработувале лажни пасоши за странски државјани. 

Јавниот обвинител Спасенка Андонова, информира дека, заедно со обезбедените докази и ПИ мерки, е направен и албум со фотографии и податоци за 215 патни исправи, каде се покажува чиј идентитет е искористен за кое лице, и јасна визуелизација на тоа што е содржано во обвинението.

Во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година биле издадени пасоши со украдени идентитети на 214 странски и еден македонски државјанин. 


Слично

Поврзани вести