Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина од новозаболените го имаат британскиот мутиран сој, вели Филипче

Половина од новозаболените го имаат британскиот мутиран сој, вели Филипче

Британскиот сој на коронавирусот се шири во Македонија. 

Половина од новозаболените од коронавирусот го имаат британскиот мутиран сој на КОВИД 19, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Топ Тема, кое ќе се емитува вечерва. Тој изјави дека 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против КОВИД-19.

Од денешната статистика, регистрирани се 347 нови случаи од направени 2383 тестови, што значи 15 отсто. Починале седум лица. Најмногу позитивни на вирусот и денеска има во Скопје 157, а потоа следува Прилеп 35, Кавадарци 26, Охрид 19, Куманово 14.

Во земјава има над 6.000 активни случаи.

Слично

Поврзани вести