Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина од Грците веруваат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока, покажа анкета

Половина од Грците веруваат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока, покажа анкета

Еден од двајца Грци сметаат дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока. 

51 отсто oдговориле дека Договорот од Преспа бил во погрешна насока, а 36,8 проценти во правилна насока. Ова го покажаа резултатите од истражувањето на јавното мислење кое го направи агенцијата „About people“ за грчкиот информативен портал „Њуз247“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од анкетираните, 36,8 отсто оцениле дека договорот веројатно е во правилна насока, а мнозинството од нив, односно седум од десет на минатите избори гласале за СИРИЗА, а 23,4 проценти за Нова демократија. Од оние 51 отсто што сметаат дека договорот веројатно бил во погрешна насока, седум од десет, односно 67,6 отсто на минатите избори гласале за Нова демократија, 23,1 проценти за СИРИЗА, а 56,9 отсто гласале за друга партија. Останатите 12,2 отсто, за конкретното прашање за Договорот од Преспа ја одбрале опцијата „не знам/не сакам да одговорам“. Истражувањето на јавното мислење е реализирано на 27 и 28 јануари со 928 испитаници. 

Веројатно негативно или сигурно негативно го оценија шест од 10 Грци Договорот од Преспа во 2018 година, како дел од истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија Скај.

Договорот е потпишан на 17 јуни 2018 година во Нивици, и со него се стави крај на спорот за името на нашата земја кој траеше три децении. 

Слично

Поврзани вести