Половина од граѓаните не веруваат дека ќе влеземе во ЕУ - каков е ставот за внесување на Бугарите во Уставот?
Половина од македонските граѓани не веруваат дека Македонија ќе стане членка на Европската Унија (ЕУ).
Нешто помалку од третина од испитаниците (30,2 отсто) рекле дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, а половина или 49,9 отсто одговориле дека Македонија нема да стане членка на ЕУ.
Од оние испитаници кои веруваат дека Македонија ќе стане членка, приближно две третини или 60,3 отсто сметаат дека тоа ќе се случи во следната деценија.
При добивање на цврсти гаранции од ЕУ за зачувување на македонскиот јазик и идентитет, 45,1 отсто од македонските граѓани би поддржале уставни измени, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на МКД.мк кое од 5 до 16 јуни го реализираше агенцијата Маркет вижн. Позитивен став за внесувањето на Бугарите во Уставот имаат 16,4 отсто од испитаниците. Повеќе од 54 отсто од испитаниците се против промени во Уставот.
Анкетираните од македонска националност во споредба со испитаниците од албанска етничка припадност повеќе имаат негативен став кон уставните измени и помалку ги поддржуваат дури и во случај на гаранции од ЕУ.
Македонија наскоро треба да ги направи уставните измени за да продолжи да преговара со ЕУ. foto freepik.com/gpointstudio
